Медиумите известуваат дека 140 метри долгиот мост се урнал врз неколку рибарски бротчиња и оти постои сомнеж дека најмалку шест членови на екипажи се заглавени во нив.

Објавил: Перо Милчин | 1 октомври, 2019 9:47

СТРАШНА НЕСРЕЌА: Во Тајван се урна мост, има исчезнати и повредени!

Фото/Текст извор: ©маагазин.мк

Во пристаниште во североисточен Рајван се урна висок мост преку залив врз неколку чамци, при што се повредени повеќе луѓе.

Медиумите известуваат дека 140 метри долгиот мост се урнал врз неколку рибарски бротчиња и оти постои сомнеж дека најмалку шест членови на екипажи се заглавени во нив.

Во несреќата најмалку девет лица паднале во вода, од кои седуммина досега се спасени.

Мостот се срушил од кога по него поминувал камион кој превезувал танкер со нафта кој потоа се запалил. Во потрагата учествува воен хеликоптер, рибарски бродови и повеќе од 60 војници и нуркачи.

Тајван вчера го погоди тајфунот Митаг кој донесе многу силни ветрови со брзина од 162 километри на час, поради што беа откажани 160 летови, а повеќе од 60.000 луѓе останаа без струја.

Во несреќата шест лица се сериозно повредени, но се стравува дека има и исчезнати.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.