Нема шанси за Украина

Објавил: Македонка Димкин | 2 јуни, 2023 22:30

Зеленски: Јасно е дека Украина нема да влезе во НАТО додека трае војната

Фото/Текст извор: ©Гардијан

Украинскиот претседател Владимир Зеленски изјави денеска дека разбира оти Украина нема да се приклучи на воената алијанса на НАТО се додека војната со Русија продолжува, пишува Гардијан.

„Разумни сме, разбираме дека не би било добро да ги вовлечеме земјите од НАТО во војна. Затоа ни е јасно дека нема да влеземе во НАТО додека трае оваа војна. Не затоа што не сакаме, но затоа што тоа е невозможно“, рече Зеленски во Киев за време на прес-конференцијата што ја одржа со естонскиот претседател Алар Карис.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести