Новак Ѓоковик шампион!

Објавил: Перо Милчин | 11 јуни, 2023 18:36

Ѓоковиќ го покоси Рудо: Кралот освои 23 Грен Слем титула

Фото/Текст извор: ©sport club

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ по 23-ти пат во кариерата освои Грен слем титулата.

Во финалето Новак Ѓоковиќ го победи Каспер Рудо со 3-0 во сетови и по трет пат во кариерата го освои Ролан Гарос.

Ова е негова 23. Грен слем титула во кариерата и сега ниту еден тенисер нема повеќе од најголемите тениски трофеи од Новак Ѓоковиќ.

Српскиот ас во полуфиналето го „преслуша“ најдобриот тенисер на планетата Карлос Алкараз, а во финалето се сретна со Каспер Руд кој не помина ништо подобро од шпанскиот тенисер.

Она што е исто така важно е дека Новак Ѓоковиќ сега е на одличен пат да го освои календарскиот слем, односно сите четири грен слем титули во една година.

Зимава го освои Австралија опен, сега во неделата ги покори Париз и Ролан Гарос, а му останаа уште Вимблдон и УС Опен!

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Тенис

Родена сум во Франција и никогаш не живеев во поранешна Југославија. Тато многу брзо се вклопи како Французин. Јас сум Французинка во главата, а Србинка во срцето.

Француска тенисерка го поддржа Ѓоковиќ: И за мене Косово е Србија!

Француската тенисерка Кристина Младеновиќ го коментираше потегот на Новак Ѓоковиќ...