Зсвршија изборите во Црна Гора

Објавил: Македонка Димкин | 12 јуни, 2023 8:47

Спајиќ по изборите во Црна Гора: Очекуваме што поскоро да формираме Влада, ДПС и движењето УРА нема да бидат во неа

Фото/Текст извор: ©Магазин

Спајиќ најави дека ПЕС ќе разговара со сите со кои споделуваат заеднички вредности

Лидерот на Движењето Европа сега (ПЕС) и носител на листата на црногорските вонредни парламентарните избори, Милојко Спајиќ, по објавувањето на прелиминарните резултати и откако неговата ПЕС постигна најдобар индивидуален резултат од сите 15 учесници на изборите, освојувајќи 26 отсто од гласовите се обрати до јавноста и рече дека постигнале добар резултат и очекуваат што поскоро формирање на Влада.

Тој рече дека на предвремените избори е постигната голема победа и покрај злоупотребата на државните ресурси.

Спајиќ најави дека ПЕС ќе разговара со сите со кои споделуваат заеднички вредности

На прашањето со кого ќе формираат влада, Спајиќ рече дека јасно се изјаснил со кого нема да коалицира – со Демократската партија на социјалистите (ДПС) и Граѓанското движење УРА.

Спајиќ, како што пренесуваат црногорските медиуми, не одговори на прашањето за можна коалиција со листата „За иднината на Црна Гора“ и како Европската унија би реагирала на неа. Тој рече дека вечерта е време за славење и дека утрото е попаметно од вечерта.

Според податоците на Центарот за демократска транзиција на обработени 100 отсто од гласовите, движењето на Милојко Спајиќ – Европа сега, победи на изборите во Црна Гора освојувајќи 26 отсто од гласовите, или 24 мандати. Веднаш зад нив следува листата „Заедно“ предводена од Демократската партија на социјалистите (ДПС) на Даниел Живковиќ со освоени 23 отсто од гласовите, односно 21 мандат. На трето место заврши коалицијата „За иднината на Црна Гора“ на Демократскиот фронт со освоени 15,1 отсто, додека, пак, четврта е коалицијата „Алекса и Дритан – Храбро се брои“ на досегашниот премиер Дритан Абазовиќ и на Алекса Бечиќ кои освоија 13 отсто од гласовите.

На шестите избори од независноста на државата од 2006 година имаше најниската излезност на гласачите од осамостојувањето на Црна Гора.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.