Путин најави и дека со белорускиот колега ќе разговара за изградбата на брзиот автопат Москва-Минск.

Објавил: Македонка Димкин | 15 септември, 2023 15:40

Никогаш не сме одбиле преговори, но не слушаме ништо од другата страна, вели Путин

Фото/Текст извор: ©Нова Македонија

Рускиот претседател Владимир Путин пред новинарите во Сочи изјави дека е отворен за преговори за завршување на војната во Украина, но, како што вели, Украина не ги сака.

– Веќе разговарав за ова. Никогаш не сме одбиле преговори. Затоа ве молам, ако сака другата страна, нека го каже тоа директно. Значи, јас зборувам, но не слушаме ништо од другата страна, изјави Путин, пренесуваат руските медиуми.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски постојано презентира некој си  мировен план од десет точки за ставање крај на конфликтот, но тој  бара од Русија да ги отстрани своите војници од украинска територија што е нереално и невозможно. 

Во Сочи денеска се состанаа рускиот и белорускиот претседател Владимир Путин и Александар Лукашенко за теми поврзани со регионалните прашања, меѓународната ситуација и решавањето на заедничките проблеми во економијата, вклучително и областа на замена на увозот.

Путин најави и дека со белорускиот колега ќе разговара за изградбата на брзиот автопат Москва-Минск.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.