Зборувајќи во видео-обраќање, украинскиот лидер истакна дека колективната одбрана никогаш не изгледала „толку слабо како денес“.

Објавил: Рејхан Бајрами | 16 март, 2022 6:45

Зеленски: НАТО никогаш не изгледало послабо

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Украинскиот претседател Володимир Зеленски повторно вчера го критикуваше НАТО денес, продолжувајќи со нападите врз воениот пакт поради инвазијата на Русија на Украина, тврдејќи дека блокот предводен од САД не е посветен на Членот 5 од Вашингтонскиот договор.

Зборувајќи во видео-обраќање, украинскиот лидер истакна дека колективната одбрана никогаш не изгледала „толку слабо како денес“.

Тој оцени дека НАТО не би ги заштитил ни сопствените членки доколку бидат нападнати од противник како Русија.

НАТО одби да испрати трупи директно за да ја бранат Украина, бидејќи не е членка на воениот пакт, и предупреди дека неговото вмешување би предизвикало директно соочување со Русија. Зеленски сугерираше дека блокот би „постапил исто“ и ако Русија нападне земја членка на НАТО.

Најновата критика доаѓа откако Зеленски претходно денес порача дека неговата земја најверојатно никогаш нема да се придружи на НАТО, истакнувајќи дека Украинците сфатиле дека нема да им биде дозволено да станат дел од воениот пакт.

„Со години го слушавме спротивното, отворени врати, меѓутоа не е така“, кажа Зеленски во говорот, наводно прифаќајќи го главниот аргумент кој Русија го постави пред да ја нападне Украина. „Нашите луѓе го сфаќаат ова, и почнуваат да сметаат на сопствената сила“.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.