На репертоарот и во градот под Шара се сите 12 песни од проектот

Објавил: Македонка Димкин | 5 октомври, 2023 13:02

ТЕТОВО ГО УРНА РЕКОРДОТ НА ПОСЕТЕНОСТ: Сите со знамиња во рацете ПЕЈАТ во еден глас – “Македонијо во срце те носиме

Фото/Текст извор: ©Magazin

По Штип, Битола, Велес, Прилеп и Кочани песните од проектот „Македонијо во срце те носиме“  вечерва пеат во Тетово на Градскиот плоштад.

Слободно можеме да кажеме дека Тетовчани го урнаа рекордот на посетеност – сите со знамиња во рацете едногласно пејат “Македонијо во срце те носиме“

На репертоарот и во градот под Шара се сите 12 песни од проектот, а „Заветна“, „Налеј, налеј“, „Народе македонски“, „Едно име имаме“, „Земјо македонска“, „Ој, Вардаре“, „Оган да го гори“, „Послушајте патриоти“, „Ми заплакало село Ваташа“… и овој пат се отпеани од златните грла на Бојана Скендеровски, Сузана Спасовска, Наум Петрески, Зуица Лазова, Андријана Јаневска, Александар Тарабунов, Огнен Здравковски, Марија Спасовска, Мина Блажев, ДНК, Ламбе Алабаковски и Миле Кузмановски.

Македонијо во срце те носиме“ е проект со потписот на Скендеровски продукција, а сите 12 родољубиви песни во ново руво ги спакува маестро Николче Мицевски. Проектот има за цел да им се продолжи векот на песните и да се испрати порака особено до  младите генерации дека треба да го чуваме она што го имаме, највредното – нашата земја и нејзиното наследство.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести