Љупчо Палевски Палчо од Патриот до Монструм

Објавил: Македонка Димкин | 14 декември, 2023 11:58

Ако Палевски побара азил во Турција, Македонија нема да биде известена, екстрадицијата ќе трае со месеци

Фото/Текст извор: ©Слободен Печат

За Министерството за правда барањето за екстрадиција од Турција на Љупчо Палевски, првоосомничен за убиствата на Вања Ѓорчевска (14) и Панче Жежовски (74) е чист случај, во кој домашните институции брзо и ефикасно го изготвиле и испратиле барањето до турското министерство за правда и сега само од Турција зависи за колку време тој ќе биде испорачан во Македонија, а постапката може да трае со месеци.

Не е извесно дека ќе има брза екстрадиција, затоа што брза постапка треба да побара и да се согласи со неа бараното лице, а од Правда не очекуваат дека Палевски ќе бара брзо испорачување во Македонија.

Од Министерството за правда на Турција вчера потврдиле дека го добиле барањето за екстрадиција и сега се зависи од турските власти. Со оглед дека Палевски е во екстрадициски притвор, а притворските предмети треба брзо да се одлучат, од Министерството очекуваат дека така и ќе биде. Но, напоменуваат дека во Турција имаат и до 100 барања за екстрадиција дневно, заради големината на државата со популација од 80 милиони жители, која се граничи со држави како Сирија и Ирак.

Од Секторот за меѓународна правна помош при Министерството за правда велат дека отсега па до одлуката Турција нема да ги известува за тоа што се презема во случајот со Палески. Македонија нема да знае ако тој побара азил или ако се обидува да се пазари со турските власти доколку поседува определени информации.

Од Секторот за меѓународна правна помош велат дека вообичаено е азил да се бара при влез во државата, а Палевски е уапсен по потерница додека бегал, но не исклучуваат дека тој ќе ги искористи сите средства што му се на располагање за да не биде испорачан и дека ќе се жали на притворот, дури и на „секоја точка и запирка“ на секоја одлука додека трае процедурата.

 

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.