Страв и трепет во трговки центар во Сиднеј Австралија

Објавил: Македонка Димкин | 13 април, 2024 9:43

Четири мртви во еден шопингцентар бо Сиднеј

Фото/Текст извор: ©news.com.au

Во саботата наутро околу 8 часот по македонско време имало напад со нож во трговски центар во Сиднеј. Според извештаите на австралиските медиуми, напаѓачот убил четири лица. Се наведува дека меѓу жртвите има и дете. Многу други луѓе се повредени во нападот, објави news.com.au.

Очевидци известуваат дека пукотници имало  во трговскиот центар Вестфилд Бонди Џанкшн на истокот од градот. Полицијата го застрелала напаѓачот, потврдија нешто пред 9 часот по  македонско  време. Заднината на нападот и можниот мотив засега се нејасни.

Многумина минувачи побегнале од напаѓачот преку пешачки мост. Сведок пријавил дека видел неколку луѓе како лежат пред продавницата JD Sports на ниво на четири од трговскиот центар. За повредените моментално се грижат полицајци и други спасувачи.

Ова не е многу вообичаено за Австралиско тло…. следуваат пивеќе детали

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести