Голема трагедија го стресе холандскиот фудбал, откако се појави веста дека починал 13-годишен голман на екипата МВР.
Несреќата се случила вчера за време на натпревар, откако голманот се судрил со еден противнички фудбалер.
Голманот загубил свест и веднаш му била укажана прва помош. Медицинскиот персонал се обидувал да го спаси, но обидите биле безуспешни и починал после неколку часа откако пристигнал во болница во Нејмиген.
По овој немил настан се огласи и Холандската фудбалска федерација и изрази жалење за овој трагичен настан.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.