Претседателот на САД, полека но сигурно, го губи авторитетот и кај вработените во сопствената администација, кои сметаат дека има аморално и непромислено водење на државата

Објавил: Мирко Бачиќ | 6 септември, 2018 12:16

Њујорк тајмс: Висок претставник од администрацијата пишува за аморално водство на Трамп

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Висок претставник од американската администрација предупредува на „аморалност“ и на „непромислено“ раководење на претседателот Доналд Трамп во непотпишан текст објавен во Њујорк тајмс.

– Сите што работат со него знаат дека не се држи цврсто до основние начела при донесуавње одлуки… Начинот на водењето на функцијата е непромислен, контрадикторен, ситничарски и неефикасен, нагласува авторот на текстот.

Писателот на текстот кој за себе тврди дека е дел од „отпорот“ кон Трамп, но не и од левица, наведува дека „многумина кои Трамп ги именувал се заколнале дека ќе направат тоа што можат за да ги зачуваат нашите демократски институции, истовремено спречувајќи ги погрешните и залутани импулси на Трамп се додека тој не биде вон власта“.

Весникот го наведува авторот на непотпишаната колумна како „висок претставник во администрацијата на Трамп“.

– Иако беше избран како републиканец, претседателот покажува малку афинитет кон идеалите што долго време се поставени од конзервативците: слободен ум, слободни пазари и слободни луѓе. Во најдобар случај тој се повикува на тие идеали како да се дел од претходно напишано сценарио. Во најлош случај, тој ги напаѓа, наведува авторот на текстот.

Тој додава дека и соработници на Трамп се свесни за мааните на претседателот и дека се обидуваат „да направат тоа што е исправно дури и кога Доналд Трамп тоа не го сака“.

Трамп реагираше нарекувајќи ја колумната „вистинска срамота, кукавички текст“. Засега не е познато дали Белата куќа ќе преземе чекори да се обиде да дознае кој е автор на текстот во Њујорк тајмс.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести