И Бојкотирам ама и академик Радован Павловски јасен, кога станува збор за Северна Македонија тоа е преименување, прекрстување, промена на идентитетот

Објавил: Мирко Бачиќ | 11 септември, 2018 21:42

Бојкотирам упаднаа во МАНУ, им врачија декларација на Македонскиот народ

Фото/Текст извор: ©магазин.мк / 21тв.мк

Додека траеше научната расправа во МАНУ движењето Македонска преродба го изразија незадоволството од Преспанската спогодба пред самата зграда со нивниот слоган „Бојкотирам“.

Овој договор тие го толкуваат како бришење на македонскиот идентитет, јазик, историја и култура. По извесно време им беше овозможено да влезат во салата, но и да се обратат од говорницата.

„Сметаме дека во овие пресудни мигови за нашата држава и македонскиот народ во оваа институција од големо значење МАНУ да биде заведен во архивата овој  документ, на кој што од денес понатаму ќе може да се повика секој Македонец во било која постапка во која ќе  се одлучува за неговите основни човекови права и слободи“

Иако голем дел од академиците велат дека подобар договор со Грција не можело да се постигне, сепак има и такви кои се против него.

За академик Радован Павловски Договорот од Преспа е разградување на националното битие. Според него, феномен е и тоа што сите светски велесили за една недела дојдоа во Скопје, да не фалат, да ни помагаат.

„Кога станува збор за Северна Македонија тоа е преименување, прекрстување, промена на идентитетот, сега ќе почнеме да лутаме, потрага по изгубениот идентитет. А колективната меморија на која многу се верува е збир од индивидуалната меморија“, изјави Академик Радован Павловски.

Тој порачува дека националниот код, нема врска со бизнисот и како што вели, политиката мора да ја симне својата маска на лицемерието.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести