По посетата на претставници од администрацијата на САД и пораките на Трамп и Буш за поддршка на референдумот, и потпретседателот на САД, Пенс на средба со Заев ќе агирира

Објавил: Мирко Бачиќ | 19 септември, 2018 9:29

Заев во Вашингтон на покана од потпретседателот Пенс

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Премиерот на Македонија и претседател на СДСМ Зоран Заев патува за Вашингтон каде на утре ќе има билатерална средба со американскиот потпретседател, Мајк Пенс.

Како што информираат од владината прес служба, средбата ќе се реализира на покана на потпретседателот Пенс, а на неа ќе се разговара за напредокот на Република Македонија кон членството во НАТО.

Официјалната посета на Заев во Вашингтон следува откако земјава ја посетија високи американски претставници како секретарот за одбрана Џејмс Матис и помошникот државен секретар за европски и евроазиски прашања, Вес Мичел, во пресрет на референдумот за Договорот со Грција закажан за 30. септември.

Се очекува и потпретседателот на САД, Пенс, како и претседателот на САД, Трамп и поранешниот претседател Буш јавно да агитира за успешен референдум за промена на името.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести