По пропаднатиот референдумо на кој гласаа само 1/3 од електоратот, Заев сепак прогласи победа и ги повика пратениците на ВМРО - ДПМНЕ да го отворат Уставот на Македонија

Објавил: Мартин Попоски | 30 септември, 2018 20:04

Заев пак излажа, прогласи победа и побара поддршка за уставни измени

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Претседателот на Владата на Р.Македонија, Зоран Зањв, во своето прво обраќање по затворањето на гласањето, денешниот референдум го прогласи за успешен.

Според него, како што изјави сега е на пратениците на ВМРО – ДПМНЕ дали ќе ја почитуваат волјата на граѓаните, или ќе бидат распишани предвремени парламентарни избори.

Денеска имавме мирен и демократски референдумски ден. Македонија и граѓаните покажаа дека се дел од европското семејство. Граѓаните гласаа достоинствено и слободно. Секој граѓанин донесе своја одлука по сопствено убедување. Референдумот е најдемократската алатка. Гласот на референдумот е конечен, а волјата на граѓаните е неприкосновена и волјата мора да биде испочитувана. – рече Заев.

Како што рече, успехот е заеднички на нашата земја и сите граѓани.

Без разлика на организираниот бојкот од ВМРО – ДПМНЕ, со чест на исклучоци, очекувам огромно мнозинство од граѓаните дека избраа ЗА. Сега, гласот на граѓаните, волјата на оние кои гласаа на овој консултативен референдум треба да се претопи во политичка одлука во Законодавниот дом. Ако навистина е како што очекуваме сите, имаме големо и видливо мнозинство ЗА тогаш јасна е иднината, гласот на пратениците треба да биде за одлучно и одговорно да ги забрзаме процесите за НАТО и ЕУ и за подобар живот на нашите деца и на Македонија. – рече Заев.

Тој дополни дека очекува пратениците на ВМРО – ДПМНЕ да ја почитуваат одлуката на граѓаните, во спротивно како што рече, “ќе треба да ја употребиме другата демократска алатка – а тоа значи предвремени парламентарни избори веднаш”.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести