Мега полициска акција во Албанија, за три дена рации во над 12 градови, при што уапсени се 27 лица а запленети се 150 килограми хероин, оружје, автомобили и парични средства

Објавил: Мирко Бачиќ | 23 октомври, 2018 10:27

Полициска акција низ Албанија, се апселе бизнисмени, полицајци и поранешни пратеници

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Уапсени 27 лица, по шестмина се трага, запленети 150 килограми хероин, оружје, автомобили, мобилни телефони, парични средства, е билансот од мега полициската акција што во изминатите три дена во 12 градови ја спроведе албанската полиција.

По повеќемесечна истрага, илјадници часови прислушкувања, следење со дрон и соработка со домашни и странски агенции, успешно заврши мега акцијата која беше спроведена во 12 градови од Хас до Саранда.

Во неа беа вклучени 1.500 припадници на полицијата, како и единицата „Ренеа“ и онаа за брзи интеревецнии. Уапсени се 27 лица членови на четири криминални групи, вклучени во трговија со наркотици и корупција, а по шест лица, меѓу нив и двајца турски и еден косовски државјанин, се трага. – изјави на прес-конференција Арди Велиу, генерален директор на албанската полиција.

Според него, меѓу уапсените има познати бизнисмени, како и тројца полициски офицери од Саранда, Лушња и Тирана, кои злоупотребувајќи ја службената положба помагале во нелегалното минување преку граничните премини каде што биле ангажирани. Претходно, поради истите сомневања беа уапсени 12 полициски службеници и цариници.

Во акцијата „Волво 4“, која е во рамки на широката акција на МВР под кодно име „Силата на законот“, запленети се три пиштоли, исто толку ловни пушки, еден шотган,182 килограма хероин подготвен за транспорт, помало количество кокаин, 22 литра течност која се користи при производство на хероин, 13 автомобили, од кои еден блиндиран, голема сума на парични средства, 75 мобилни телефони, електронски ваги и друг материјал и апарати за производство на дрога.

Им гарантираме на граѓаните дека продолжуваме со нашата максимална ангажираност за да обезбедиме мир, ред и безбедност и со силата на законот ќе го санкционираме секое лице вмешано во криминална активност. Акцијата „Силата на законот“ продолжува. – порача Велиу.

Од Обвинителството соопштија дека на уапсените им е изречена мерка притвор и најавија дека набрзо се очекува апсење и на други лица вмешани во корупција.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.