Нашиот легендарен ракометен голман Борко Ристовски на својот Фејсбук профил објави статус по повод актуелните случувања во Собранието.
Додека жителите на Скопје се гушат во смог и токсични материи во воздухот, заменик-министерот за животна средина спие на седница на која се дискутира токму за неговиот ресор, а градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, игра игрици на мобилниот телефон.
Грижата за здравјето на граѓаните се чини е најдосадната тема за функционерите на СДСМ. По тој повод Борко Ристевски со остри реакции на социјалните мрежи.
-Скопје се гуши! Македонија се гуши! Меѓутоа колку што разбрав и прочитав на седницата за наоѓање решение на проблемот имаат очигледно попаметна работа. Срамота и брука! Македонија заслужува повеќе, стои во статусот на Фејсбук.
Борко Ристовски e роден 2 ноември 1982 во Скопје, — македонски ракометар кој игра за екипата на Рајн-Некар Левен во германската Бундеслига и за ракометната репрезентација Македонија.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.