Министерот Никола Димитров денеска е во Будва, на состанок со колегите министри за надворешни работи од регионот. Се надеваме дека на ова патување министерот нешто и ќе „сработи„. Но, додека министерот е на пат, вработените во неговиот кабинет, по се изгледа спијат.
Некои од нив и буквално, а не се малкумина. Односно, во кабинетот за поддршка на активностите на министерот Димитров се вработени точно 17 луѓе, од шеф на кабинет, до три секретарки, лица за односи со медиумите, началници за координација со владата, претседателот и собранието, неколку советници, соработници итн.
До Магазин по втор пат стигнува фотографија од наш читател, кој инсистира на анонимност. Читателот, лице кое се занимава со проекти поврзани со дијаспората, на два пати во октомври месец, по ургенција за одреден проект било упатено во кабинетот на министерот за надворешни, кај Владимир Сарафов, близок соработник на Никола Димитров за национални приоритети, дијаспора и малцински прашања. Кога стигнал до канцеларијата на Сарафов, на негово чудење, забележал дека тој спие во работно време, дури бос, со нозете на биро!. Го фотографирал со мобилниот телефон. Според нашиот извор, странката тропнала во соседната канцеларија во која љубезно го пречекала друга вработена во кабинетот на министерот Димитров, но на неговата забелешка дека советникот на министерот спие во работно време, таа го посоветувала да дојде друг пат, да не го буди, бидејќи понекогаш знаел да биде насилен. Имено, некои медиуми веќе пишуваа дека вработениот во кабинетот на министерот, Владимир Сарафов, има завидно досие на насилни инциденти во самото МНР. Но, очигледно е дека на министерот тоа не му пречи да го има за свој соработник. И вториот обид на странката за средба со дипломатот Владимир Сарафов завршил исто; исто биро, нозете во вис, спиење во работно време. Читателот само направил уште една фотографија (во прилог на текстот), не се осмелил да го разбуди бидејќи претходно бил предупреден дека Сарафов често е насилен, и си заминал од министерството. Заминал со поразителен впечаток за (не)дисциплината во една од најбитните институции за државата.
На прес конференциите на Заев, Манчевски, и Бујар Османи, секоја трета реченица им е реформа за ефикасна јавна администрација.
Но, со ваквото работење на соработниците од кабинетот на МНР навистина тешко ќе му оди на Димитров да им објасни на комесарите во Брисел дека тој и владата посветено работат на реформи на јавната администрација, што е еден од клучните услови за Македонија да добие датум за почеток на преговорите за членство со Европската Унија.
За жал, недисциплината, партизацијата и клиентелизмот стануваат се посилни одлики и на јавната администрација и на македонската дипломатија. Во меѓувреме, министерот Димитров доби награда за маж со најдобар стил, за што имаме дилема дали да го сметаме како еден од ретките успеси за македонската дипломатија под негово раководство. Но затоа овој напис го ставивме во рубриката “забава/ стил“, бидејќи имаме министер со моден стил, а истовремено имаме и негов соработник кој што има посебен стил во текот на работното време. Сепак како општа констатација, бидејќи граѓаните со своите даноци ги плаќаат платите и на ваквите вработени, темата е чист скандал пред очите на народот!
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.