Единствениот член 36 од актуелниот Устав каде ќе стои Македонија, Фрчкоски предлага сепак да биде изменет, ценејќи дека со таквата формулација може да предизвика консеквенци

Објавил: Мирко Бачиќ | 6 декември, 2018 7:55

Фрчкоски со предлог да се избрише “Македонија” во единствениот член каде останува

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Сосема е јасно дека Владата побара и доби одобрение од законодавниот дом да предложи уставни амандмани на три члена од Уставот на Република Македонија и Преамбулата, но очигледно ќе се менува многу повеќе.

Иако со промената на името на државата тоа е интервенција во секој член поединечно, во нацрт амандманот XXXIII јасно стои што смее извршната власт да интервенира.

Амандман XXXIII

Во Уставот зборовите „Република Македонија“ се заменуваат со зборовите „Република Северна Македонија“, а зборот „Македонија“ се заменува со зборовите „Северна Македонија“, освен во член 36.

Професорот Љубомир Фрчкоски смета дека амандманите не ја загрозуваат граѓанската основа на државата, дека се прифатливи од аспект на идентитетските прашања и дека притоа некои делови се зајакнуваат дури и кога се споменуваат други етнички заедници, како и дека решенијата се во рамки на уставно правните стандарди.

Сепак Фрчкоски коментираше и за членови за кои веќе е постигнат договор.

Ако се остави зборот Македонија во членот 36, тоа има консеквенци, рече професорот додавајќи дека можеби треба да се размисли за терминот национално ослободителни војни за независна македонска држава. – истакна Фрчкоски.

Членот 36 во актуелниот Устав на Република Македонија гласи:

Републиката им гарантира посебни социјални права на борците од Антифашистичката војна и од сите националноослободителни војни на Македонија, на воените инвалиди, на прогонуваните и затвораните за идеите на самобитноста на македонскиот народ и неговата државност, како и на членовите на нивните семејства кои немаат можности за материјална и социјална егзистенција. Посебните права се уредуваат со закон.

Во однос на Преамбулата, според Фрчкоски, дилемата останува дали да остане само да се наведе Прогласот, бидејќи тој на некој начин го опфаќа Манифестот, или да се оди на конкретно набројување на документите, што би биле екстензивно, но можеби треба да се расправа.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.