Светските експерти предупредуваат дека поради климатските промени нема да има повеќе невремиња, но дека ќе бидат се помоќни и ќе се појавуваат и таму каде што досега ги немало.
Оваа сезона бурите веќе сега се посилни од минатогодишните, вели за „Дојче веле“ Добијас Гајгер, научник во Потсдамскиот институт за истражување на клими.
„Активностите на една сезона не се мерат само по бројот на бури, кои стигнале до копното, туку колку енергии на тропски бури се вкупно генерирани над океанот“ .Веќе сега се генерирани повеќе енергии во северната хемисфера отколку во целата 2017 година“ додава Гајгер.
Гајгер вели дека климатските промени ја зголемуваат температурата на морето, што е неопходен услов за тропска бура.
Гајгер напоменува минатата година беше рекордна кога се однесува на материјалните штети по сезоната урагани и изнесуваше 280 милијарди долари. Не сакаше да ја прогнозира штетата за оваа сезона која трае уште два месеци.
Тој мисли дека висината на материјалните штети се должи и на се поскапите и луксузни куќи кои луѓето ги градат и покрај предупредувањата од опасните невремиња.
Како пример, тој ги наведе жителите на Северна Каролина, кои целосно ги игнорираат климатските промени и растот на нивото на морето.
Таму се изведуваат градежни проекти на островите, кои во наредните децении би можеле често да бидат погодени од некакво невреме“ предупреди Гајгер.
Ураганот Флоренс и тајфунот Мангкут одзедоа десетици животи во САД и на Филипини.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.