„На 14 март Уставниот суд на Руската Федерација доби барање од Претседателот во врска со измените во Уставот“, за кои граѓаните ќе се изјаснат на референдум, се вели во соопштението на судот.

Објавил: Перо Милчин | 14 март, 2020 15:31

ПУТИН ГО ПОТПИША ЗАКОНОТ ЗА УСТАВНИ ПРОМЕНИ: Документот доставен до Уставниот суд

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Рускиот претседател Владимир Путин денес потпиша предлог-закон за изменување и дополнување на Уставот, кој ќе му овозможи да се кандидира за нови два мандата на крајот на тековната 2024 година, објави Москва.

Документот беше доставен до Уставниот суд за разгледување, Тас.

„На 14 март Уставниот суд на Руската Федерација доби барање од Претседателот во врска со измените во Уставот“, за кои граѓаните ќе се изјаснат на референдум, се вели во соопштението на судот.

Путин го потпиша документот три дена откако беше донесен во рускиот парламент со само едно гласање против.
Законот допрва треба да го одобри Уставниот суд, а Русите ќе го прогласат на референдум на 22 април.

Според сегашниот закон, Путин не би можел да се кандидира за претседател во 2024 година, бидејќи го ограничи бројот на последователни мандати на два, но предвидените измени на Уставот му овозможуваат да се кандидира за уште два шестгодишни мандат.

Другите измени во највисокиот правен акт, меѓу другото, го потенцираат приоритетот на руското законодавство во однос на странските, забрануваат истополовите бракови и воведуваат „вера во Бог“ како една од традиционалните руски вредности.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.