Грчката опозиција, која по сите анкети на следните избори ќе освои мнозинство и ќе формира влада, го обвини Ципрас за распродажба на националните интереси под притисок од САД

Објавил: Мартин Попоски | 16 декември, 2018 10:06

Мицотакис: Ципрас нема да го „протне“ Договорот од Преспа

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Претседателот на грчка опозициска партија рече дека го обвинува Ципрас дека го поделил грчкиот народ и никогаш не се обидел да создаде услови за национален консензус за решавање на националното прашање.

Повторувам од овде, од нашиот 12-ти Конгрес дека Нова демократија нема да го ратификува Договорот од Преспа. Ниту сега, ниту во следниот парламент, никогаш, порача претседателот на грчка опозициска партија, во говорот на почетокот на партискиот конгрес.

Кирјакос Мицотакис, во врска со Договорот од Преспа упати низа обвинувања до грчкиот премиер.

Тој рече дека го обвинува Ципрас дека го поделил грчкиот народ.

Го обвинувам господинот Ципрас дека рече „да“ онаму каде што 6 премиери: Константинос Мицотакис, Андреас Папандреу, Костас Симитис, Костас Караманлис, Јоргос Папандреу, Андонис Самарас, рекоа „не“ за признавање на наводен македонски јазик и националност.

Го обвинувам господинот Ципрас дека денес, се уште го навредува патриотизмот на големото мнозинство од грчкиот народ, што се против овој договор, карактеризирајќи ги екстремни десничари и националистите.

И, да, го обвинувам господинот Ципрас дека ја замени мерката што не треба да некогаш биле, со голема национална отстапка. – рече Мицотакис одново споменувајќи го неговиот став дека постоела размена за прашањето со името со укинување на кратењето на пензиите.

Тој истакна дека „временската коинциденција на Договорот од Преспа со ненадејната промена на ставот на партнерите, не е случајна“.

Ајде да кажеме неколку вистини. Меѓународниот фактор, од свои причини, сака Скопје, по секоја цена, да влезе во НАТО. И не му беше тешко да му дозволи на господинот Ципрас да ја повлече непотребната мерка за кратење на пензиите, мерка која што Нова демократија никогаш не ја гласаше, гласаше против во грчкиот Парламент. – рече лидерот на најголемата грчка опозициска партија.

Мицотакис во обраќањето истакна дека едно е здравиот патриотизам, а друго квази- патриотизмот и побара од граѓаните да не дозволат да се оцрни вистинскиот патриотизам.

Побара и „да му ја пратат сметката на Ципрас на изборите, да ги одржи час порано и народот со гласот да каже дали го сака или не Договорот од Преспа“.

Во исто време со обраќањето на Кирјакос Мицотакис на 12от Конгрес на Нова демократија во Атина, беше закажан и говорот на Алексис Ципрас во Солун.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.