Новинарка на „Вол стрит џурнал“ на годишната прес-конференција на рускиот претседател, Владимир Путин, за која беа акредитирани повеќе од 1 500 новинари од светот, рече дека на Западот многумина ја гледаат Русија како закана.
Новинарката напомена дека сите луѓе мислат дека Путин како претседател на Русија, сака да владее со светот, па го праша дали навистина е така.
„Па, секако“, со насмевка на лицето рече Путин и додаде:
„Знаеме каде е центарот што се обидува да управува со светот, а тој не се наоѓа во Москва. Тоа е поврзано со водечката улога на САД во светскатаекономија и издвојувањето средства за одбрана. САД трошат повеќе од 700 милијарди долари на одбрана, а ние 46 милијарди. И вие мислите дека нашата цел е да владееме со светот“, со прашање ѝ возврати Путин на новинарката.
Во Русија, лидерството на Путин претежно ужива голема популарност, со генерално висок рејтинг. Според некои, голем дел од неговите дела се карактеризирале како недемократски. Најголема критика врз Путин доаѓа од западните земји. Некои критичари Путин го опишуваат како диктатор, кое Путин категорично го негира.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.