Меѓу месото најзастапено на трпезата било пилешкото. Годишно, покажуваат податоците, едно домаќинство консумира 44,8 килограми пилешко месо.

Објавил: admin@magazin | 6 февруари, 2022 14:50

Што Македонците сакаат да јадат најмногу ?

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Македонските граѓани најмногу консумираат леб, јајца, компири, млеко и безалкохолни пијалаци.

Ова се најпопуларните продукти кои Македонците ги сакаат најмногу, а исто така ви ги претставуваме оние, што не се трошат најмногу.

Од овошје најмногу се јадело тропско 60,8 килограми, потоа лубеници и дињи 48,8 килограми, следуваат јаболката со 39,5 килограми, 17,6 килограми, 15,3 кајсии и праски, и по 2,7 килограми круши и цреши.

Статистиката покажува дека лани едно домаќинство трошело 272,2 килограми леб.

Количината леб што ја конзумирало едно домаќинство во 2017 година е поголема од 2016 година, кога просечно едно трошело 262,6 килограми леб.

Зеленчук е кулинарски поим за јадлив дел од некое растение. Оваа дефиниција се темели на обичај, а не на научни сознанија. Таа е донекаде произволна и субјективна, бидејќи поединечните култури имаат разни обичаи на исхрана и приготвување.
Обично секое зелјесто растение или дел од растение кое редовно луѓето го консумираат како храна може да се нарече зеленчук. Меѓутоа печурките, иако членови на царството на габите, сепак се општоприфатени во малопродажбата како зеленчук.

Во текот на годината едно домаќинство просечно трошело 103,1 килограми компири, 65,4 килограми пиперки, 49,8 килограми домати, 48,9 килограми разновиден свеж зеленчук, 37,5 килограми зелка, 35,4 килограми кромид и лук, 26,7 килограми краставици, 21,6 килограм грав и само 4,6 килограми грашок и боранија.

Преработките од зеленчук биле застапени во македонското мени со 17,4 килограми по домаќинство.

Основната боја на месото е црвена. Таа е одредена од количеството на миоглобин во мускулните влакна. Зависи од полот, возраста и расата, како и од соодносот меѓу мускулното и масното ткиво. Кај поухранетите животни бојата на месото е посветла од таа на послабите. Исхраната на животните пред колењето исто така има влијание на бојата. Изразено влијание на ова својство покажува степенот на обескрвување при колењето. Од недобро обескрвените трупови се добива темноцрвено крваво месо.Конзистенцијата кај пресните меса е плотно-еластична. Со притискање со прст на површината на вакво месо се образува избочина, која брзо се враќа во првобитната положба. Кај младите животни таа е понежна, а кај повозрасните конзистенцијата е поплотна. Ова се должи на количеството на сврзно ткиво, чие количество се зголемува со возраста. Месото добиено од машки животни е исто така со поплотна конзистенција. Месата кои се подвргнати на замрзнување и одмрзнување ја губата плотно-еластичната конзистенција.

Меѓу месото најзастапено на трпезата било пилешкото. Годишно, покажуваат податоците, едно домаќинство консумира 44,8 килограми пилешко месо, 40,1 килограми преработки од месо, 25,6 килограми јунешко и телешко месо, 22,1 килограми свинско месо, 1,8 килограм јагнешко месо.

Други видови месо биле консумирана по 3,2 килограми од домаќинство.
Свежа и замрзната риба годишно едно домаќинство потрошило 20,8 килограми, а преработките од риба 2,7 килограми.
Едно домаќинство во Македонија годишно пие 125,6 литри млеко и 75,5 килограми кисело млеко и јогурт.

Сирење годишно консумираат 38,2 килограми и други млечни производи 11,9 килограми.

Едно македонско семејство годишно консумира 9,6 килограми кафе и какао, а јаде 26,3 килограми чоколада и кекс.
Меѓу пијалаците најчесто се консумирале безалкохолни пијалаци 211,3 литри, потоа 404 литри пиво, 6,3 литри вино и два литра жестоки пијалаци.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Кујна

Во омилените јадења на министрите спаѓа свинското каре, при тоа што ќе се набави повеќе од еден тон квалитетно месо од овој тип.

Владата ќе јаде свежо месо за 40.000 евра. Ќе се јаде бифтек, прасечко месо и свински ребра

Владата распишала оглас за набавка на над шест тони свежо месо во вредност од 2.400.000...