Владата на СДСМ треба да се соочи со проблемот што го создаваше, а тоа е општа недоверба кон докторите и здравството, се заради политички поени

Објавил: Данаил Михајловски | 3 јануари, 2019 14:55

Филипче да го вакцинира Никола Тодоров!

Фото/Текст извор: ©магазин

“Недовербата на граѓаните во вакцините ја предизвика токму досегашната неодговорна, криминална власт во заминување од којашто е дел Никола Тодоров. За децата набавуваа вакцини по најевтина цена, додека за скапите реклами со коишто корумпираа медиуми, бараа квалитет?! Доцна е сега Тодоров да бара од граѓаните да веруваат во безбедност на вакцините.“

Не може да се очекува да се има дисциплина со вакцините ако политичарите во меѓусебните битки ја рушат довербата во здравството и кај народот се шири антивакцинална кампања за партиски цели. Пример за (зло)употреба на вакцините беше и кампањата пред референдумот за смена на името, каде владата ветувајќи најквалитетни ЕУ вакцини, (не)свесно испрати порака дека сегашните вакцини не се квалитетни.

Ова е партиското соопштението на СДСМ од 21-ви Април 2017 година, на тема вакцини, имунизација и здравствена политика. Цели 6 години, од 2011-2017 година, СДСМ водеше жестока хајка против Никола Тодоров, како министер за здравство, но и како еден од најблиските соработници на тогашниот премиер Груевски. Го нарекуваа “Министерот Смрт“, го обвинуваа за криминални набавки на вакцини и за се друго, но во сите политички обвинувања СДСМ заборави дека прави поголема општествена штета, а тоа е зголемувањето на недовербата во целото здравство и кон лекарите. Како делумна последица на тоа, многу луѓе одлучиле или биле доведени во заблуда да не ги вакцинираат своите деца. Сето тоа зачинето со разни “онлајн стручњаци“ кои некаде прочитале дека вакцините не се здрави, треба да се примаат покасно и слични полуписмени тези во кои секој се прави поголем лекар од лекарите. И сега еве го проблемот на врата, епидемија на морбили во главниот град, што е показател за слабиот здравствен систем во државата.

Владата на СДСМ сега треба да го решава проблемот што во добар дел и го создаде, а тоа да се врати довербата во здравствениот систем, кој до вчера беше гледан само како мегдан за добивање на ситни политички поени. Министерот Филипче извести дека на територијата на градот Скопје има 19 случаи на мали сипаници и дури 15.000 невакцинирани деца. Тоа е загрижувачка бројка. Владата извести дека родителите кои нема да ги вакцинираат своите деца ќе бидат казнети од 350 до 650 евра. И ако до вчера Филипче му беше советник на министерот Тодоров, сега можеби министерот Филипче ќе го покани Никола Тодоров за советник, и во духот на помирувањето кое го имаат за менувањето на Уставот, сега истото да го докажат и во борбата против сипаничната епидемија за која и двајцата сносат одредена одговорност. Како и да е, самото здравство во моментов се соочува со болест во чие создавање и Тодоров и Филипче биле дел од проблемот и затоа сега граѓаните се во недоумица дали ваквите политичари се способни да понудат решение. Најефективно би било доколку лично Филипче го вакцинира Никола Тодоров пред ТВ-камерите, и тоа со вакцина против политизација на здравството.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Здравство

Изрази жалење за доцнењето на овој тендер, посочувајќи дека, заедно со Здружението на дијабетичари го правеле невозможното последните неколку месеци за да може тој тендер побрзо да се објави.

Меџити: Додека сум јас министер нема да се случи да доцни тендер или јавна набавка за лекови

Јавните набавки и тендерите за лекови нема никогаш повеќе да доцнат тврди министерот...

Смената од директорската позиција после повеќе годишно директорување со клиниката тешко му падна на др. Јовев па организираше и протести пред клиниката со негови пациенти а и не го штедеше со навреди новопоставениот директор др.Марјан Шокаровски.

Др.Јовев за „Фокус“: Не е точно дека сум нападнал некој, мене ме нападнаа, имам повреда на окото и од стрес лежам на Кардиологија

Од министерството за внатрешни работи денеска излегоа со соопштение дека од Клиниката...

Во интервју за ТВ „Клан“, поранешниот економски директор на Клиниката за онкологија Нехат Нухи, призна на јавноста дека мајка му била лекувана на Клиниката за онкологија и дека има медицинска историја таму, иако истакна дека не се лекувала од рак.

Според Нухи, овој третман бил дозволен од тогашниот медицински директор доктор Нино Васев.

– Беше период на ковид, а кога се работи за мајка, секој човек бара решение како побрзо да се третира. Со дозвола на медицинскиот директор, ни овозможија да се лекува. Но, не се лекуваше од рак. Беше период на ковид и другите клиники функционираа како ковид центри и затоа се лекуваше во нашата клиника, рече Нухи.

Без потврден канцер, мајката на економскиот директор на Онкологија се лекувала на клиниката

Во интервју за ТВ „Клан“, поранешниот економски директор на Клиниката за онкологија...

Кога отидов во Виена, лекарот ми рече ништо од вашата држава од вашите цитостатици, не требало од овие цитостатици, сакам да го оперирам момчето. Јас и тогаш зборев по сите телевизии, никој не ми даде поддршка сите ме правеа луда – рече ожалостената мајка.

(ВИДЕО) Мајка се онесвести од плачење: „Загубив млад син, му ја згрешија терапијата во приватна клиника“

Мајка која раскажуваше за својата голгота со синот кој го загубила од рак на бели дробови,...