"Македонија повеќе ја сакаме кога ја немаме. Тоа е нашата трагедија!"

Објавил: Перо Милчин | 10 јануари, 2019 21:59

Актерот Муратовски: “Срам ми е што живеам со генерација која ја уби Македонија”

Фото/Текст извор: ©онлине магазин

Познатиот македонски актер Рубенс Муратовски разочаран од последните случувања околу промена на Уставот на својот Твитер имаше трогателна објава.

Тој вели дека му е срам што е дел и живее со генерацијата која симболично ја yбивa Македонија.

 

Македонскиот глумец и режисер Рубенс Муратовски разочаран од моменталната ситуација во Македонија, често се огласува на социјалните мрежи. Е сега, гледате ли што е диктатура? Е ова е! Она другото беше заебанција во споредба со ова.Добро е. Ќе ве учат поколенијата во учебниците. Како најцрното нешто што и се случило на татковината. Верувајте, тоа е успех. Со оглед на тоа колку предавници издржала земјава.

“Не ги памтете имињата на предавниците. Најголема казна е да бидеш заборавен и никој да не се сеќава на тебе.”После неколку часа се огласи повторно на Твитер и напиша “Македонија повеќе ја сакаме кога ја немаме. Тоа е нашата трагедија!” 

Со актерството Муратовски започнал уште од најрани години кога настапувал во главната улога на детската серија „Белото циганче“ и „Булки крај шините“. Во текот на годините, како студент а и потоа, остварил забележителни главни и споредни улоги во претстави на матичниот театар, но и на сите други театарски сцени во државата.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Твитер

„Ваквите дела претставуваат сериозно кршење на меѓународното право. Македонија уште еднаш ја искажува својата недвосмислена поддршка за суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина“, напиша Османи.

Силна осуда на Бујар Османи на руското признавање на Доњецк и Луганск

Силно го осудуваме признавањето од страна на Русика на украинските области Доњецк...

– Честитки до Зоран Заев за мандатот за формирање влада на Северна Македонија и со нетрпение чекаме да работиме со новата влада, откако ќе биде формирана, напиша Брнз во твитот.

Американската амбасадорка му го честиташе мандатот на Заев

Американската амбасадорка во земјава, Кејт Мари Брнз денеска на лидерот на СДСМ, Зоран...