Тој рече дека ако Гоце Делчев се појавел со своите следбеници комити, Заев ќе требало да ја напушти Македонија.

Објавил: Перо Милчин | 18 февруари, 2019 8:00

Груевски за Пинк : “Јас не побегнав од правдата, туку од неправедните судски одлуки”

Фото/Текст извор: ©онлине магазин

Бившиот премиер на Република Македонија Никола Груевски вчера имаше интервју за српската телевизија ТВ Пинк во која рече дека Македонија има многу сериозен политички проблем од владата на СДСМ.

Груевски рече дека владата е спремна, по секоја цена да уапсат секого, да срушат живот на секого и дека ќе направат се само да го исполнат својот сон. Тој изјави дека веројатно поради тоа народот сега ќе чека шанса, а таа шанса се наредните избори. Народот се чувствува издаден.

Груевски го обвини Заев дека на митинзите велел, дека не постои шанса да се промени името на Македонија, а во емисиите дури и се колнел во своите деца.

Тој во интервјуто изјави дека и дека голем број на елементи во платформата се во спротивност со Уставот на Република Македонија и дека тој не побегнал од правдата, туку дека заминал затоа што требаше да заврши во затвор поради неправедните судски одлуки кои ќе го загрозеле неговиот живот. 

Тој рече дека Унгарија е членка на ЕУ и НАТО и во неа можел да добие престој, во кој ќе бил политички заштитен од прогонот од актуелната власт. Се надоврза дека политичкиот прогон врз него е голема срамота за Македонија.

Од Тирана, преку Црна Гора и Србија стигнав во Унгарија. Како што веќе е познато, превозот ми е обезбеден од страна на унгарската дипломатија. Кога стигнав во Тирана, побарав политички азил, поради политички проблеми. После извесен период бев примен во амбасадата и бев известен дека ќе ми обезбедат превоз до унгарската граница, каде таа држава одлучи да ми даде азил поради политички проблеми, вели Груевски за Пинк.

Целото интервју можете да го прочитате тука; pink.rs

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Интервју

„Има документи, согласности, уснени согласности, телефонски разговори, за секој пациент докторите се должни да ги информираат. Ние први воведовме видеоконференција

Жан Митрев: Не се плашам од обвинение, ќе се докажувам и 100 години ако треба – никогаш не сум рекол дека хемофилтрацијата е лек

Неговиот вечерашен јавен настап во кој се бранеше од наводите во документарниот филм...

Зошто никој не зборува за германскиот предлог во времето на владата на Меркел, од нивното претседателство, каде исчезна тој?

Имам информации дека владата на Ковачевски го прифатила предлогот од Париз

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во вчерашното гостување во емисијата...

„Јас не се занимавам со економијата на семејството, колку пари кружеле… Добро е, дојдете еден ден кај мене дома, зборувајте со мојата сопруга“, рече Ахмети.

Ахмети не знае колку чини маслото за јадење: Зборувајте со сопругата, не се занимавам со економијата на семејството

Лидерот на ДУИ Али Ахмети во гостувањето во емисијата „Клик плус“ на ТВ21кажа дека...

Вели дека е подготвен во секој момент да седне на маса и да разговара за сите теми со Ковачевски, но на тие средби ќе мора да се разговара и за предвремени ибори.

Мицкоски: Немам намера никого да уценувам, подготвен сум во секој момент да седнам на маса

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски тврди дека блокадата на Собранието не е начин...