Утринава од шините се излизгал патничкиот воз што сообраќа на релација Кичево-Скопје, поради одрон на пругата кај Лакавица. За среќа во железничката несреќа нема повредени.
Патничкиот воз утрово удрил во карпа, во која според неофицијални информации веројатно карпата паднала на шините. Соoбраќајот е во прекин на тој дел од пругата каде се случила несреќата.
На местото на несреќата веднаш се упатил помошен воз и екипа за помош, бидејќи правецот на шините треба да се врати во правилна состојба, а истовремено ќе се утврди колку е оштетена пругата. Од ударот композицијата на возот излетала од шините.
Од 13 јуни 2016 секторот за транспорт при Македонски Железници, одлучи од да пушти нови возови на линиите кон Битола, Кичево и Кочани.
Наместо досегашните 5, кон Битола се обраќаат 6 пара возови, на релација Скопје-Кичево-Скопје се сообраќаат уште два нови пара, исто како и на релација Скопје-Кочани-Скопје.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.