Дали советничката на Заев го има главниот збор во Министерството за култура?

Објавил: Стефан Каневче | 10 март, 2019 23:38

Цветанка Ласкова ги разгледува пријавите во Министерство за култура!?

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Повеќе апликанти чии проекти не беа поддржани во Годишната програма на Министерството за култура, коментираат дека кога барале информации од службите на министерството во врска со нивните проекти, вработените во министерството им кажувале дека советничката за култура на премиерот Заев, Цветанка Ласкова, ги разгледувала и одлучувала по пријавените апликации.

Насроти тврдењата на Министерот за култура Асаф Адеми, дека апликациите повторно ќе бидат разгледани од комисиите, вработените во неговото министерство го тврдат спротивното. 

Меѓу стручната јавноста се јавуваат реакции во врска со директното инволвирање на Цветанка Ласкова кое го сметат за политичко, а не за професионално, бидејќи Ласково не е ниту стручна ниту соодветна да оценува пријави од областа на културата и уметноста. 

Министерот Адеми неодамна оствари средба само со неколку одбиени апликанти кои гласно ја критикуваа програмата на Министерството, иако одбиени беа стотици апликанти. 

Ваквата селективност, велат експертите, покажува дека министерството за култура нема доволно капацитет за транспарентност, професионализам и почитување на сопствените услови објавени со конкурсот за годишната програма.

Според нив, доколку ваквиот однос кон уметниците и културните дејци продолжи, ги разгледуваат можностите за поднесување тужби поради определени нерегуларности.

Повторно, како минатата година, се случува во третиот месец од календарската годината корисниците да немаат потпишани договори за одобрените средства, а за исплата воопшто не се надеват пред април.  

Меѓу најкритикуваните членови од комисиите беа македонските членови на комисијата за музичко-сценска дејност, оперската певица Весна Ѓиновска Илкова и Јошко Бошковски, со бројни јавни коментари за нивниот професионализам, стручност и познавање на културната сцена.

Нашиот извор вели дека Цветанка Ласкова е уште полошо решение од актуелните членови на комисијата, која иако има искуство во естрадата, нема елементарно познавање од македонската културна сцена и не може да очекуваме нормализирање на состојбите во културата. 

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.