Во 2016 : Имаме план и мерки да ги извлечеме граѓаните од сиромаштијата во која ги втурна криминалната власт на Никола Груевски велеше Кети Смилеска

Објавил: Македонка Димкин | 13 март, 2019 9:35

Пратеничката о„т„ Прилеп, Кети Смилеска горда на „Северна„ Македонија

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

На завчерашната седница на Собранието се расправаше за интерпелацијата на министерот Оливер Спасовски, која владеачкото мнозинство доцна навечер  ја изгласа против а со тоа  Спасовски ќе продолжи да ја извршува функцијата прв човек на полицијата.

На седницата пратеничката од опозицијта Павлинче Честојнова и реплицираше на пратеничката од Прилеп Кети Смилеска.

» Вие кога ќе си одите во Прилеп, кажете им на вашите прилепчани, колку таа „Северна„ Македонија како што вие ја нарекувате, е безбедно место за живеење. Уште колку човечки животи треба да згаснат, за вие да сфатите дека министерот треба да си даде оставка? Дали сте свесни каков страв владее помеѓу луѓето, посебно во Скопје?

Дали сте свесни дека после 18:00 часот нема родител кој слободно ќе си го пушти своето дете по скопските улици? Дали вие би ги пуштиле вашите деца? Одговорете колешке на тоа прашање”, и порача Честојнова на Смилеска.


Архива од ветувањата на пратеничката која е горда на „СЕВЕРНА„ :

Обезбедуваме државна социјална пензија за сите лица над 65 години

Имаме план и мерки да ги извлечеме граѓаните од сиромаштијата во која ги втурна криминалната власт на Никола Груевски, со вавката реторика настапуваше Кети Смилеска пред своите согрѓани во ноември 2016 годиниа во предизборието.

Обезбедуваме пензија за секого! 

Тоа значи, државна социјална пензија за лица над 65 години кои ги немаат остварено условите за пензија, а живеат над 20 години во Македонија.

Секое четиричлено семејства кое живее во сиромаштија и не остварува никаков друг приход ќе добива 12.000 денари месечно.

Семејствата со приход под 12.000 денари, ќе ја добиваат разликата од оваа мерка. На пример, ако во семејството влегува приход од 4.000 денари, државата ќе помогне со уште 8.000 денари плус.

Го стопираме сомнителното и незаконско доделување на социјални станови, како што е случајот со Прилеп. Станови ќе добиваат исклучиво лицата кои навистина ги исполнуваат законските  услови.

Социјалните станови ќе прераснат во колективни станбени заедници каде што ќе бидат сместени сите ранливи категории граѓани кои имаат потреба од дом.

Воведуваме социјална дебитна картичка – Солидарност.

Нашата цел е да се намали стапката на сиромаштија под 16% до 2020 година. Тоа и ќе го направиме!

Почитувани сограѓани, завршува криминалното владеење на Никола Груевски!

Обезбедуваме живот за сите граѓани на Прилеп.

Гласањето за бројот 4, е глас за живот во Македонија.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести