Иаведба на „Рајмонда“ на 26 март 2019 во Македонската опера и балет

Објавил: Стефан Каневче | 23 март, 2019 0:26

Балетската претстава „Рајмонда“ во МОБ

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Во вторник, 26 март 2019 г. со почеток во 20 часот, во Македонската опера и балет ќе биде изведено балетското ремек дело „Рајмонда“ од Александар Глазунов.

„Рајмонда“ е балет во два чина. Светската премиера е одржана во Маринскиот театар во Санкт Петербург, во јануари, 1898 година. Либретото за балетот „Рајмонда“ е базирано на типичната драматургија која го обележува времето на Романтизмот. Во драмите (приказните) на овој уметнички правец доминираат темите за јунаштвото, благородништвото, љубовта, достоинството и честа.

„Рајмонда“ е во кореографија на гостинот од Украина, Виктор Јаременко, додека во главните улоги ќе настапат првенците: Марија Кичевска Шокаровска и Васил Чичијашвили (Грузија). Во улогата на Абдурахман, ќе настапи гостинот од Италија, Давиде Буфоне. Улогата, Бела Дама ќе ја толкува Наташа Јосифовска. Настапуваат истакнати солисти, солисти, целиот балетски ансамбл и оркестарот на МОБ. Диригент е гостинот од Русија, Едуард Амбарцумјан.

„Рајмонда“ е претстава со прекрасни костими и спектакуларна сценографија, изработени од атељето на МОБ, под менторство на гостите од Украина, Гана Ипатиева и Андреј Злобин.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.