Според Европската кардиолошка асоцијација нормален притисок е оној до 140 за горниот број во мерењето на крвен притисок и 90 за долниот број.

Објавил: Hristijan Ilievski | 29 декември, 2022 13:11

Еве кои се нормални вредности на крвен притисок според возраста

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Еден од најраспространетите здравствени проблеми е зголемениот крвен притисок, кај повеќето од луѓето. Секако општо прифатено е дека 120 со 80 е нормален крвен притосок, и секој од нас се стреми да го одржи во нормала, а се што е над тоа значи итна посета на кардиологот. Но повеќе не е така.

Според Европската кардиолошка асоцијација нормален притисок е оној до 140 за горниот број во мерењето на крвен притисок и 90 за долниот број.

Поголемиот дел од граѓаните сметаат дека 120 со 80 е нормален притисок. Сепак, крвен притисок до 140 со 90 е границата до која се смета дека некој има нормален притисок. Ова, сепак, не се однесува на луѓето со дијабетес, за кои границата е 130 со 80, како и кај постарата популација, вели доктор Бранко Белеслин, кардиолог во Клиничкиот центар на Србија и претседател на Здружението на кардиолози на Србија.

Инаку нормалниот крвен притисок е индивидуален и може да варира повеќе пати во текот на денот. Но, без паника. Според оваа табела може да одредите дали крвниот притисок ви е во нормала или пак е премногу висок. Табелата е направена за мажи и жени, и во неа стои според возраста кој е идеален крвен притисок.

Крвниот притисок може да варира повеќепати во текот денот, а нормалниот крвен притисок е индивидуален.

Доколку ги прашате лекарите за тоа кој е идеален односно нормален крвен притисок според возраста на пациентот и полот, ќе ви ги каже овие вредности запишани во табелата.

Инаку високиот крвен притисок е проследен со лошо расположение, силни главоболки, несоница и други проблеми врзани со општото расположение и здравје.

Доколку не се излечи на време високиот притисок или хипертензија може да биде смртоносна па затоа помогнете си самите, така што ќе го ограничите внесувањето на сол, кофеин и ако изгубите некој килограм. 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Здравје

Дијагнозата во типичните случаи лесно се поставува врз основа на податоците од родителот за тегобите на детето,прегледот на детето и рутински биохемиски иследувања(леукоцити и леукоцитна формула ).

Кога се зголемуваат лимфните жлезди?

Зголемени лимфни жлезди не се ретка појава. Може да бидат последица на обична настинка...