Заев ги отфли обвинувањата на Мицкоски за провизии за изградба на автопат

Објавил: admin@magazin | 7 април, 2019 8:08

Заев: Ако има предвремени избори, Мицкоски ќе биде „згазен“

Фото/Текст извор: ©magazin.mk

Премиерот Зоран Заев во интервју за Телевизија Тера разговараше за кампањата која се води на терен како и за актуелната политичка ситуација.

Заев ги отфли обвинувањата на Мицкоски за провизии за изградба на автопат, велејќи дека лидерот на опозицијата лаже.

Заев додаде и дека доколку се случат предвремени парламентарни избори, ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски ќе бидат „згазени“ на тие избори.

Ако имаше предвремени избори, немаше да има дебата дали ќе има цензус или ќе нема. Јас одлучив дека треба да има редовни избори затоа што државата треба да функционира, а не постојано да се оди на избори. Политичарите влезени во својот филм цело време ќе си бараат избори. Ако му дадам на Мицкоски предвремени избори ќе го победиме, ќе го згазиме, оти во моментот така стојат работите и после за една година пак ќе бараат избори, рече Заев.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Политика