недела, 5 мај 2024

MK/ EN/ DE



Од компанијата Виз Ер било пријавено дека во авион кој сообраќал на релација Базел – Скопје имало лице кое не давало знаци на живот

Објавил: Катерина Крстиќ | 23 април, 2019 10:45

Трагедија на скопскиот Аеродром: Гостиварчанец почина во авион на Виз Ер

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Рано утринава трагедја се случи во авион на Виз Ер кој полетувал од Скопје за Базел.

Според информациите, од страна на екипажот на авио компанијата Виз Ер било пријавено дека во авион кој сообраќал на релација Базел – Скопје имало лице кое не давало знаци на живот.

Во полицискиот билтен на МВР,стои дека авионот во 00,27 часот слетал на Граничниот премин „Меѓународен aеродром-Скопје“. Како што соопштуваат во авионот кој летал на релација Базел-Скопје било пријавено едно лице кое не дава знаци на живот.

Веднаш по слетувањето била повикана Итна медицинска помош, но во 00,50 часот од страна на лекар била констатирана смрт без траги на насилство кај К.К.(74) од Гостивар.

По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е предадено на семејството.

Ова не е прв случај на смрт во авион во Виз Ер. И минатата година почина 37 годишен патник, на меѓународниот аеродром во Скопје, кој тргнал на лет од Скопје за Цирих, но за жал починал уште пред авионот да полета.

По една деценија стабилен раст, Wizz Air стана најголемата нискобуџетна авиокомпанија во Централна и Источна Европа.

Инаку копманијата Wizz Air е основана во 2003 кога шест луѓе со огромна стручност во областа на воздухопловството и други успешни приказни се здружија со Јожеф Варади (József Váradi), Извршниот директор на компанијата. По само три месеци, Wizz Air стана регистрирана компанија подготвена за летање.

Првиот авион полета на 19 мај 2004 од Катовице, а денес Wizz Air нуди преку 600 маршрути од 25 бази во регионот: Виена во Австрија; Тузла во Босна и Херцеговина; Софија и Варна во Бугарија; Кутаиси во Грузија; Будимпешта и Дебрецин во Унгарија; Рига во Латвија; Вилнус во Литванија; Скопје во Македонија; Кишињев во Молдавија; Катовице, Варшава, Гдањск, Познањ и Вроцлав во Полска; Букурешт, Клуж-Напока, Крајова, Јаши, Сибиу и Темишвар во Романија; Белград во Србија; Лондон Лутон во Обединетото Кралство; Киев во Украина.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести


Ние користиме колачиња за да ја подобриме практичноста на веб-страницата. Со вашата посета се согласувате со ова.