Се поголем е бројот на заболени од морбили. 

Објавил: Катерина Крстиќ | 3 мај, 2019 15:00

Трагедија: Почина единаесет месечно бебе на Инфективна по компликации од морбили

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Единаесетмесечно бебе, нова жртва на морбили. Денеска на Клиниката за инфективни болести почина бебе кое немало примено вакцина. Бебето починало од компликации од морбили.

Епидемија на морбили е прогласена на цела територија на Македонија.Ваков заклучок беше донесен по состанокот на Комисијата за заразни болести, со цел да се спречи понатамошното ширење на малите сипаници.

Се поголем е бројот на заболени од морбили. Властите алармираат дека моментално има 113 случаи на новозаболени од оваа заразна болест.

Од нив во тешка и критична состојба се 16-годишната пациентка која е со церебрална парализа со пневмонија како компликација од морбили и е на механичка вентилација на Универзитетската клиника за инфективни болести и двајца возрасни. 

Во изминатите 24 часа се прегледани девет пациенти и сите се хоспитализирани. Станува збор за  две лица на возраст од 31 година од Бутел и од Тетово, 40-годишник од Сарај, 49-годишник од Чучер Сандево и 29-годишник од Струга, сите невакцинирани, 36-годишник од Бутел со непознат вакцинален статус, како и четиримесечно бебе од Сингелик и 2,5 годишно дете од Сопиште, сите невакцинирани.

Минатиот месец, беше прогласена епидемија на морбили беше проглана епидемија од морбили на цела територија на Македонија.

Ваков заклучок беше донесен по состанокот на Комисијата за заразни болести, со цел да се спречи понатамошното ширење на малите сипаници. Тоа значи дека ниедно невакцинирино дете нема да биде примено во градинка, а предложено е минималната возраст за вакцинирање да се намали од 12 на 6 месеци.   

Мерките опфаќаат и задолжително вакцинирање со две дози на сите здраствени работници во земјава. За епидемијата на морбили во Македонија е извесетена и Светската Здравствена Организација.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Здравство

Изрази жалење за доцнењето на овој тендер, посочувајќи дека, заедно со Здружението на дијабетичари го правеле невозможното последните неколку месеци за да може тој тендер побрзо да се објави.

Меџити: Додека сум јас министер нема да се случи да доцни тендер или јавна набавка за лекови

Јавните набавки и тендерите за лекови нема никогаш повеќе да доцнат тврди министерот...

Смената од директорската позиција после повеќе годишно директорување со клиниката тешко му падна на др. Јовев па организираше и протести пред клиниката со негови пациенти а и не го штедеше со навреди новопоставениот директор др.Марјан Шокаровски.

Др.Јовев за „Фокус“: Не е точно дека сум нападнал некој, мене ме нападнаа, имам повреда на окото и од стрес лежам на Кардиологија

Од министерството за внатрешни работи денеска излегоа со соопштение дека од Клиниката...

Во интервју за ТВ „Клан“, поранешниот економски директор на Клиниката за онкологија Нехат Нухи, призна на јавноста дека мајка му била лекувана на Клиниката за онкологија и дека има медицинска историја таму, иако истакна дека не се лекувала од рак.

Според Нухи, овој третман бил дозволен од тогашниот медицински директор доктор Нино Васев.

– Беше период на ковид, а кога се работи за мајка, секој човек бара решение како побрзо да се третира. Со дозвола на медицинскиот директор, ни овозможија да се лекува. Но, не се лекуваше од рак. Беше период на ковид и другите клиники функционираа како ковид центри и затоа се лекуваше во нашата клиника, рече Нухи.

Без потврден канцер, мајката на економскиот директор на Онкологија се лекувала на клиниката

Во интервју за ТВ „Клан“, поранешниот економски директор на Клиниката за онкологија...

Кога отидов во Виена, лекарот ми рече ништо од вашата држава од вашите цитостатици, не требало од овие цитостатици, сакам да го оперирам момчето. Јас и тогаш зборев по сите телевизии, никој не ми даде поддршка сите ме правеа луда – рече ожалостената мајка.

(ВИДЕО) Мајка се онесвести од плачење: „Загубив млад син, му ја згрешија терапијата во приватна клиника“

Мајка која раскажуваше за својата голгота со синот кој го загубила од рак на бели дробови,...