Македонскиот првак Вардар загуби од ПИК Сегед со 29:25, но ја сочува предност од првиот четвртфинален меч кога во Скопје црвено-црните славеа со осум голови разлика (31:23).
Во тежок меч во кој првиот дел им припадна на домаќините, а вториот на вардарци, македонскиот првак иако поразен саепак на крајот можеше да се радува бидејќи по трет пат во низа обезбеди пласман на завршниот фајлан-фор турнир во Келн.
Нашите ракометари добро го отворија мечот и до 12-минута имаа гол предност 4:4. Во продолжение унгарскиот пампион направи голема серија од 14-5 и веќе на полувремето ја анулира негативата од осум гола (17:9).
Во вториот дел избраниците на Парондо ја зацврстија одбраната и заиграа далеку подобро во нападот па во 52-минута намалија само на два гола негатива (23:25). Најефикасен во редовите на Вардар беше Игор Карачиќ со 8 гола, додека Кристопанс постигна 5, а уште една брилијантна партија имаше голманот Дејан Милосављев кој имаше 10 успешни одбрани.
Покрај Вардар, во полуфиналето ќе играат и унгарски Веспрем, шпанската Барселона и полскиот првак Килце. Завршниот фајнал-фор во Келн ќе се одржи на 1 и 2 јуни. `
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.