Емил Кирјас, дипломат и поранешен генерален секретар на МНР, за прв пат во естрадниот магазин Бекстејџ отворено зборуваше за својата сексуална определба и пред македонската јавност призна дека е геј.
Кирјас вели дека за оваа тема воопшто нема дискусија во Македонија, дека истата тема е потполно непозната и дека не постои никаква едукација.
Во своето интервју ги спомена и стиховите од Тоше Проевски („Што е тоа во луѓето толку тажно што живат во животи туѓи“) и рече да размислиме што сакал Тоше да ни пренесе со овие зборови.
Емил Кирјас исто така изјави дека во развиените земји различностите се во голема предност, додека кај нас ситуацијата е сосема обратна и дека тоа мораме што поскоро да го промениме.
Според анкетата на македонскиот „Хелсиншки“ комитет за човекови права изработена со неколку партерски невладини организации, 9,6% од населението во Македонија е нехетеросексуално.
Општ е впечатокот дека во државата нема изразена агресивност кон ова малцинство, но дека големите предрасуди доминираат во државата.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.