#Summerjam - новиот летен проект на Александра Јанева

Објавил: admin@magazin | 14 јули, 2018 9:45

Александра Јанева сними кавер на песна од Лоба

Фото/Текст извор: ©magazin.mk

Александра Јанева започна нов, летен проект заедно со нејзиниот бенд „2BE“. Симболично, на календарскиот почетокот на летото преку социјалните мрежи од обожавателите побара идеи за преработки.

Новата верзија на „Херој“ од Викторија Лоба е првото видео од проектот #summerjam. Аранжманот е на Тино Стојановски кој ги свири гитарите заедно со Љупче Стојановски, а Синиша Зукиќ е на кахон.

„До нас пристигнаа над 300 предлози за преработки, но одлучивме да го почнеме проектот со една од најемотивните македонски балади во 2018 година“, вели Александра Јанева.

Јанева и „2BE“ најавуваат дека во наредниот период, на секои две недели ќе бидат објавувани преработки на некои од најголеми домашни и светски хитови. Александра неодамна ја објави и соработката со Наташа Малинкова насловена „Еуфорија“, која е нејзина втора авторска песна годинава и доаѓа по одличната „Ќе се вратам некој ден“.

Како звучи оваа балада од Викторија Лоба во изведба на Александра Јанева слушнете во продолжение. Уживајте!

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Поп

Четири девојчиња од хорот  на „Златно славејче“ напишаа и снимија песна за Влатко Илиевски, Ќе се потрудиме да го зачуваме твоето дело и никогаш да не бидеш заборавен!"

Четири славејчиња со песна за Влатко Илиевски- Со тебе пораснавме, а сега те нема!

Четири девојчиња од хорот  на „Златно славејче“ напишаа и снимија песна за Влатко...