Најголемата опозициона партија ВМРО-ДПМНЕ и сите останати опозициски треба да застанат зад народот.
После вечерашниов вистински дебакл на власта, време е опозиционите партии и народот да се обединат и да стават крај на ова зло кое што висе врз Македонија, македонскиод народ и целото општество.
Вечерва организацијата во 15те градови беше вистински дебакл за власта. Кога зборуваме за власт, ова не се однесува самоза СДСМ, туки и за ВМРО. Доколку и ВМРО да беше во ваква позиција и настапеше на ваков начин и со вакво предаство истата бељја ќе ги снајдеше, но тоа сега е друго. На власт се оние кои што во 2004 викаа дека НЕКОИ ПРАШАЊА НЕ ЗАСЛУЖУВААТ ОДГОВОР, и токму поради нивната антикампања и бојкотот не успеа референдумот и затоа западна Македонија е во таква положба каква што е после тој референдум.
Но во моментов е друга ситуацијава, во која што ниту еден Македонец не би гласал за промена на уставното име. Претходно можеби народот го делеле на сдсм-овци и вмро-вци, но тогаш се работело исклучиво за партиски интереси и цели. Сега станува збор за нешто друго.
Со самото потпишување на договорот со Грција, а кој подоцна беше објавен во целост, а и после реакциите од грчка страна дека со договорот не се признава Македонска нација, на Македонците им стана јасно колку е сатот и затоа вечерва настана сеопшт бојкот на прославата за “влез” во НАТО.
Да баталиме прославата, исто така на народот не му беше пренесена информацијата дека во НАТО ќе влезиме откако ќе го промениме името и како СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ќе станеме 30тата членка на Алијансата.
Освен вечерашниот дебакл на власта, видно беше и незадоволството на високите претставници на владата од вечерашната прослава. Имено, високите владини функционери како и Џес Бејли кој што присуствуваше на една прослава изгледаа како попарени.
Заклучокот од сево ова вечерва е дека народот се разбуди и е против овој лош договор со Грција и претставува порака до ВМРО-ДПМНЕ и останатите опозициони партии дека е време и треба да застанат рамо до рамо со народот.
Референдумот за промена на името, како и потпишувањето на капитулацискиот договор со Грција нема да поминат на гласање и сиот товар да се стави врз грбот на народот.
После вечерашниот настан треба да им биде јасно сите на која страна треба да застанат. Оние што ќе застанат на погрешната сите ќе изгорат…
Пишува Коста М.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.