– Едногласно одлучивме за тројца победници. Немавме многу различни мислења околу првите 6,7. Мислевме цели десет минути, рекле од жирито.

Објавил: Весна Петровска | 20 мај, 2019 22:10

Нов скандал изби на Евровизија

Фото/Текст извор: ©онлајн магазин

Нов скандал ја тресе Евровизија која се одржа во саботата во Тел Авив, Израел.

Скандалот избил кога во едно интервју белоруското жири открило како се одлучило за гласовите, а тоа е строго забрането.

– Едногласно одлучивме за тројца победници. Немавме многу различни мислења околу првите 6,7. Мислевме цели десет минути, рекле од жирито.

Откриле дека првиот член го дал гласот на Австралија, потоа Естонија, Грција па Грузија.

Белорусија која заврши на претпоследно место е дисквалификувана.

Нашата преставничка Тамара со песната „Proud“ заврши на осмото место кое е најдобриот пласман на Македонија досега.

Социјалните мрежи беа преполни со фотографии, постови и статуси посветени на одличниот настап на Тамара Тодевска со песната „Proud“.

На социјалните мрежи по разочарувањето од гласовите на публиката започнаа да се вртат илјадници причини за тоа зошто едноставно дијаспората не ја поддржа Тамара, па така дел се шегуваат дека тие вртеле, но било зафатено.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.