Тешка сообраќајна несреќа се случила на патниот правец Кавадарци – Припеп поточно пред преминот Плетвар.
Сообраќајот моментално е затворен поради вршење на увид на местото на несреќата.
АМСМ соопштува дека сообраќајот е прекинат од 11 и 15 часот.
Ова е моменталната состојба на останите патишта низ Македонија.
ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонската страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
ВНИМАТЕЛНО: АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
ВАЖНО: Ве информираме дека автопатот Миладиновци – Штип, секција Миладиновци – Кадрифаково и Кадрифаково – Миладиновци не е пуштен за сообраќај. На автопатот се вршат проверки од безбедносен карактер. Апелираме до сите возачи да не го користат автопатот.
ЗАБРАНА ЗА ТМВ: На 04.04.2019 година од 11:30 часот поради оштетување на мостот во с. Ваташа на регионалниот пат Кавадарци – с. Мрежичко воведена е забрана за ТМВ.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.