Мислењето од Венецијанската комисија нема врска со изборни процеси

Објавил: Мирко Бачиќ | 17 јули, 2018 15:08

Превид или обид за манипулација со измените во Изборниот законик?

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Претседателот на Собраниската комисија за европски прашања – пратеникот Артан Груби ќе треба итно да објасни дали во цитирањето на мислењето од Венецијанската комисија околу предлог измените во Изборниот законик е направен превид или се работи за обид за манипулација со пратениците од Собранието на Република Македонија.

Според објаснувањето кое заедно со текстот од Предлогот на Законот за изменување на Изборниот законик на Република Македонија беше испратено до пратениците од страна на Талат Џафери – стои и објаснувањето на измените во Изборниот законик кој како е наведено се предлага да се донесе по итна постапка и под Европско знаменце. Но во содржината на објаснувањето наведено е дека измените се оправдани согласно мислењето на Венецијанската комисија CDL-AD(2018)015 што е мислење но не за изборни процеси а најмалку во Република Македонија.

Имено мислењето на Венецијанската комисија CDL-AD(2018)015 се однесува на измени во Законот за Судски совет и судии на Република Црна Гора што пак нема никаква врска со изборната администрација а најмалку Државната изборна комисија. Дали се работи за злоупотреба на авторитетот на Комисијата за дневнополитички и партиски интереси ќе мора да одговори нејзиниот претседател.

Наведено мислење на Венецијанската комисија доставено до македонските пратениците

 

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.