На местото на тешката несреќа се уште се наоѓаат телата на момчињата. Се чека јавен обвинител да изврши увид, за потоа да се утврди причината за несреќата.
Во тешката сообраќајна несреќа која се случи вечерва на скопската улица Првомајска, загинале две млади машки лица. Едното дваесет годишно загинато момче е С.Ш од село Батинци, а додека другото загинато момче е на возраст од 29 години од Драчево.
Според неофицијални информации се работи за неприлагодена брзина над 160 километри на час. Пред малку пристигнаа и возила на Брзата помош, откако неколку роднини на загинатите изгубиле свест.
Во страотната несреќа учествуваа две возила марка Пежо и Голф 5. Како што известуваат медиумите автомобилите се целосно уништени.
Според зборови на очевидци, момчињата биле починати и пред да пристигнат екипите на итната помош. Од МВР засега нема детали за несреќата.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.