Жителот кој  ja  испратил фотграфијата вели дека со овој проблем се соочуваат веќе долги години, тој исто така додава дека и покрај ветувањата од градоначалникот дека улицата ќе биде асфалтирана тоа не се случило. 

Објавил: Весна Петровска | 20 јуни, 2019 19:45

СРАМ ЗА 21 ВЕК: Невремето предизвика проблеми – жител на Волково вели ова не е прв пат

Фото/Текст извор: ©онлајн магазин

Силното невреме направи вистински проблем  во Општина Ѓорче Петров поточно на улицата 21 во Волково.

До Сител пристигна фотографија каде улицата 21 наликува на езеро. Жителот кој ja испратил фотграфијата вели дека со овој проблем се соочуваат веќе долги години, тој исто така додава дека и покрај ветувањата од градоначалникот дека улицата ќе биде асфалтирана тоа не се случило.

 
До Сител пристигна фотографија каде улицата 21 наликува на езеро.

  – Се уште сме приморани до продавница да одиме со рибарски чизми. Кога и да се пожалиме во општината, тие експресно не откачуваат, тврдејќи ни дека улицата ни е малечка и дека таму не живеат голем број жители (веројатно мислејќи на гласачи, иако тука вкупно живееме 30тина луѓе)Срамота и греота е во 21 век вака да живееме, вели жителот на Општина Ѓорче Петров .

Метеролозите велат дека од овој викенд не очекува вистинско лето.  Пораст на дневните температури, кои викендов ќе достигнат до 37 степени и сончево  и топло време, најавува Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Вo петок и за време на викендот ќе преовладува сончево и топло време, со услови за изолирана појава на пороен дожд и грмежи. Утре во попладневните часови ќе се задржи нестабилно време со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално ќе има појава на невреме со пообилен дожд, силен ветер и појава на град. Утринските темератури ќе се движат од 12 до 20 степени, а дневните од 27 до 34 степени. УВ-индексот ќе изнесува осум.

Најтопло ќе биде за викендот, со утрински температури од 12 до 21 степем, а дневните од 28 до 37 степени. Од недела попладне и во следните денови повторно на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, а дневната температура ќе опадне за неколку степени.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Време

Главната причина за кавгата меѓу актуелниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и неговиот претходник Никола Груевски е во личните суети, а не во политичките разлики поврзани со уставните измени, смета првиот лидер на партијата и експремиер Љубчо Георгиевски.

Георгиевски: Груевски претходно ги сруши измените на КЗ што сега му се потребни и за кои плаче

Прашан во интервју за емисијата „Трилинг“ дали владејачката гарнитура е подготвена...