Ваквата изјава предизвика голем револт кај македоснкиот народ, па Твитер заедницата се крена на нозе.

Објавил: Весна Петровска | 22 јуни, 2019 10:27

ТВИТЕР ГОРИ: Ова се реакциите по изјавата на Пендаровски за Гоце Делчев

Фото/Текст извор: ©онлајн магазин

„Неспорна историска вистина е дека Гоце Делчев се изјаснувал како Бугарин, во тој историски контекст, како што е неспорна историска вистина и факт дека се борел за македонска држава“, изјави претседателот Стево Пендаровски во интервју за „360 степени“ на Алсат М кое беше емитувано вчера.

Ваквата изјава предизвика голем револт кај македоснкиот народ, па Твитер заедницата се крена на нозе и почнаа да пишуваат на тема Гоце Делчев.

Погледнете ги најновите тивтови на тема Гоце Делчев.

– Да изјавеше Грујо или Хорхе дека неоспорен факт е дека Гоце Делчев бил бугарин граѓанството ќе се трескаш од земја, ќе читаа поезија во парк ќе се потуреа со бензин и ќе се запалуваа во знак на протест. Ама чим Стево го кажа тоа никому ништо – обичен петок, штама и штурци…

– Правите ли разлика меѓу историски факти и интерпретација на историските факти?

-Имаше еден виц со Бугарите и „и този е наш“, ама го заборавив оти мислев дека е 21 век и нема да мислиме на историја.

– Уште да признаеме дека Горан Пандев беше пријавен со бугарски пасош во Интер, и ете го #датумот

Изјавата на Стево Пендаровски ја пренесоа и бугарските медиуми.

Гоце Делчев се изјаснувал како Бугарин и ова е непобитен историски факт, ја пренесуваат изјавата на Стево Пендаровска бугарски медиуми.

„Постојат два неспорни историски факт и тоа треба да биде компромисна варијанта за личноста и делото на големиот револуционер, кој предизвика тензии во односите меѓу Скопје и Софија и кој се заканува да создаде повторно нови контроверзии меѓу двете држави”, ги пренесува зборовите на Пендаровски БГНЕС.

„Гоце Делчев се борел за автономија на Македонија, за независна држава, но дури на крајот на својот живот прави завет неговите коски да почиваат во независна македонска држава. Со еден збор, како што велат некои политичари: вистината и само вистина – така да биде. Неспорна историска вистина и факт е дека тој се изјаснувал како Бугарин. Неспорна историска вистина е и фактот дека тој се борел за македонска држава. Тоа е формулата“, пренесува БГНЕС.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести