Нема информации за жртви и материјални штети, ниту има предупредување за цунами.

Објавил: Перо Милчин | 25 јуни, 2019 12:42

ЈАК ЗЕМЈОТРЕС ЈА ПОГОДИ РУСИЈА!

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

Како што соопшти американскиот Геолошки завод, земјотрес со интензитет од 6,6 степени по Рихтер го погоди источниот брег на Русија.

Американскиот Геолошки завод соопшти дека силен земјотрес, со интензитет од 6,6 степени по Рихтер го погоди источниот брег на Русија.

Како што пренесе Ројтерс, епицентарот на земјотресот бил на 152 километри северозападно од Николск, од Комнадорските острови, на длабочина од околу 33 километри.

За сега нема детални информации за жртви и материјални штети, ниту има предупредување за цунами.

На територијата на Русија се наоѓаат најразлични природни зони, од пустинските брегови на Касписко Море до поларните ледови на Нова Земја и Новосибирските Острови. Широко застапени се степите, тајгите и тундрите.

Релефот на Русија е различен. Околу 70% од територијата на Русија е опфатен со рамнини. Најголема е Источноевропската Низина.

На нејзината источната страна се наоѓа планината Урал со највисок врв Народнаја (1895 метри). На исток од Урал се наоѓа Западносибирската рамнина, Средносибирската Висорамнина и Јакутската рамнина. 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.