понеделник, 6 мај 2024

MK/ EN/ DE



 Обвинителството истакна дека не се пронајдени докази за каква било теорија дека „потеклото на огнот е од криминална природа“.

Објавил: Катерина Крстиќ | 27 јуни, 2019 10:07

НОВИ ДЕТАЛИ: Откриени можните причини за пожарот во Нотр Дам

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Неколку месеци по големата несреќа во катедралата Нотр Дам, се открива вистината за пожарот кој ја зафати и уништи речици цела катедрала.

Богородичната црква се смета за најубавиот пример за француската готска архитектура. Името „Нотр Дам“ на француски значи Нашата Госпоѓа

Според последните информации, неизгасната цигара или дефекти во електричната инсталација се можни причини за пожарот во париската катедрала Нотр Дам, што се случи во април годинава, соопшти вчера Јавното обвинителство на Париз, отфрлајќи ја можноста за намерно подметнување на огнот.

–Француските истражни органи разгледуваа голем број хипотези, вклучително и неправилно функционирање на електричниот систем или оган предизвикан од неизгасната цигара, се наведува во соопштението на Обвинителството, при што се додава дека засега се уште не утврдена точната причина за избувнувањето на пожарот.

 Обвинителството истакна дека не се пронајдени докази за каква било теорија дека „потеклото на огнот е од криминална природа“.

Во соопштението од Обвинителството се посочува дека во текот на истрагата биле сослушани околу 100 сведоци и биле земени предвид сите нивни искази.

Обвинителството најави дека врз основа на досегашната истражна постапка, сега ќе бидат покренати повеќе детални истраги за причините за пожарот, посочувајќи дека веќе е почната предистражна постапка против непознато лица за „предизвикување штета од небрежност“.

Сомнението е во тоа што пожарот избувна во време кога во катедралата Нотр Дам  беа вршени градежно-реставраторски работи а работниците одвреме навреме знаеле да пушат цигара додека работеле, па поради тоа постои сомневање дека всушност пожарот избувнал од запалена цигара, при што портпаролот на фирмата „Ле Бра Фрере“, која учествуваше во градежните работи, изјави дека нема шанси ваков пожар да избувне од цигара.

– Жалиме поради тоа. Но, во никој случај цигара не може да биде причина за пожарот во Нотр Дам, изјави во април портпаролот на „Ле Бра Фрере“.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.


Ние користиме колачиња за да ја подобриме практичноста на веб-страницата. Со вашата посета се согласувате со ова.