Како што објави ТВ Пинк, Бранко Л. денеска на пладне упаднал во зградата на Патријаршијата на Српската православна црква во центарот на Белград, во канцеларија на првиот кат. Бранко извадил пиштол и од благајникот и сметководителот, побарал 200.000 евра, наводно за одбрана на Косово и Црна Гора”.

Објавил: Катерина Крстиќ | 3 јули, 2019 20:14

Драма во Српската православна црква: Вооружен маж барал 200.000 евра за одбрана на Косово и Црна Гора

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

42 годишниот Бранко Л, кој е државјанин на Црна Гора, денеска бил приведен од страна на полицијата поради вооружен напад врз Српската православна црква во Белград.

Како што објави ТВ Пинк, Бранко Л. денеска на пладне упаднал во зградата на Патријаршијата на Српската православна црква во центарот на Белград, во канцеларија на првиот кат. Бранко извадил пиштол и од благајникот и сметководителот, побарал 200.000 евра, наводно за одбрана на Косово и Црна Гора”.

Вооружениот Бранко Л. барал 200.000 евра за одбрана на Црна Гора и Косово

Додека траела драмата, еден од заложниците кои биле на лице место успеал да повика полиција.

Полицијата реагирала навремено, а по приведувањето се утврдило дека станува збор за лицето Бранко Л. кој всушност бил поранешен припадник на црквата и за кого нема полициско досие.

Напаѓачот поседувал пиштол марка „берета 765“, но за среќа во инцидентот никој не бил повреден.

Против Бранко ќе биде покренаната постапка.

Патријархот Иринеј, по инцидентот за српските медиумми изјави дека ниту малку не му било пријатно кога поранешниот припадник на црквата упаднал во зградата на Патријаршијата и побарал 200.000 евра.

Според изјавата од Кабинетот на патријархот драмата траела повеќе од еден час.

Од таму велат дека ситуацијата била сериозна, дека лицето упаднало во просторијата до вратата на Патријархот а преговорите со него траеле повеќе од еден час.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.