Агенцијата „Ројтерс“ известува дека авионите кои треба да слетаат се пренасочуваат кон другите аеродроми во Лондон.

Објавил: admin@magazin | 10 јули, 2019 23:44

ОТКАЖАНИ СИТЕ ЛЕТОВИ- стотици патници заглавени на Лондонскиот аеродром!

Фото/Текст извор: ©онлине магазин

Вечерва лондонскиот аеродром Гетвик, ги откажа сите летови поради проблеми со контролата на летање во контролната кула. Поради ова, стотици патници останаа без транспорт.

–Поради проблеми со системите за контрола на летање во контролната кула на Гетвик, летовите во моментов се откажани– пишува на Tвитер профилот на аеродромот.

Агенцијата „Ројтерс“ известува дека авионите кои треба да слетаат се пренасочуваат кон другите аеродроми во Лондон.

–Работиме со ANS, нашиот оператор за контрола на воздушниот сообраќај, за да го решиме проблемот што е можно поскоро. Се извинуваме и ги советуваме нашите патници да ги проверуваат информациите за летовите со нивните авиокомпании – со додава во официјалното соопштение.

Контролорите на летање играат многу важна улога во безбедноста на воздушниот сообраќај, а се грижат и воздушниот сообраќај да се одвива експедитивно и ефикасно. Главна цел е да се одржува безбедно растојание помеѓу авионите. За нив, безбедноста е пред сѐ.

Контролорите ги следат авионите на овие воздушни рути. Пред да полетаат, од пилотите се бара да приложат план на летање кој покажува по која рута планираат да летаат. Контролорот има копија од листот со планот на летање и други важни информации.

Салвадор Рафаел, шеф на контрола на летање, објаснува зошто ова е корисно: „Има точки на кои воздушните рути се сечат. Кога пилотот ќе дојде до една таква точка, мора да го извести контролорот.

Контролорот си го забележува тоа на својот лист со планот на летање“. Така има претстава по која патека се движи авионот.

За да добие вакви информации, контролорот користи уште еден инструмент — радиоврската. Тој знае каде се наоѓа авионот и му дава упатства на пилотот кои му помагаат да биде на безбедно растојание од другите авиони.

Контролорите и пилотите обично имаат на располагање повеќе радиоврски и фреквенции. Во случај да откаже некоја, можат да користат друга.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести