Актуелната претседателка на политичката партија “Глас за Македонија” и поранешна пратеничка Д-р Солза Грчева по вчерашните настани на својот Фејсбук профил, ја искоментира целата ситуација.
Солза Грчева го коментира случајот во кој е вмешана и специјалната јавна обвинителка Катица Јанева.
Ќе ја донесат директно од мешање слатко од смокви и почнува да краде и вработува цела фамилија. Обична, но да не се лажеме, намерно од сите избрана малоумница неписмена. Мислам на Ката. Ајде сега нека ги запалат маиците шарените што ги шетаа со талентката со просек 6. Ах колку сум горда што ја исплескав во Собрание и само јас не ја гласав. Еве им ја сега… ја чекам и другата со црвениот кармин која беше извадена како од кабаре. Доста беше…
Грчева исто така го искоментира и апсењето на Боки, односно ги потфати новинарите за кои како што вели му се лигавеа на Боки 13. Таа напиша дека Ката случајно си оди баш сега … синот во 1тв го вработи и тоа не е непотизам.
Ајде сега сите новинари кај Боки (кои му се лигавеа) аут засекогаш. Рекетари и ајдуци од прв до последен. Веќе да не се појават на ниту една тв. А кој обвинител им давал материјали за рекет? Ката случајно си оди баш сега … синот во 1тв го вработи и тоа не е непотизам. Банда крадлива и ненаситна. Они ќе зборувале за затајување на даноци. Пајажина е малку. Ова е рак со метастази…Алкатраз е за овие сите, а не Идризово
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.