Одговарајќи на новинарско прашање на прес конференцијата, обвинителката Вилма Рускоска посочи дека тоа нема да влијае врз нивното барање за притвор за обвинителката.

Објавил: admin@magazin | 21 август, 2019 15:48

ПОЧИНА МАЈКАТА НА КАТИЦА ЈАНЕВА!

Фото/Текст извор: ©онлине.магазин

Утринава во Гевгелија, починала мајката на специјалната обвинителка Катица Јанева.

Обвинителката Вилма Рускоска на новинарско прашање рече дека тоа нема да влијае врз нивното барање за притвор за обвинителката.

Јавното обвинителство бара притвор за специјалната јавна обвинителка Катица Јанева поради основано сомнение за злоупотреба на службената положба во врска со предметот „Рекет“.

Државниот јавен обвинител Љубомир Јовески на прес-конференција соопшти дека од досега обезбедените докази, има основи за проширување на истрагата за „Рекет“ и врз Катица Јанева, која е осомничена за злоупотреба на службената положба и овластувања заради стекнување лична корист.

Катица Јанева денеска беше уапсена во нејзиниот дом во Козле, од каде во придружба на полицијата беше однесена во СЈО.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести